Top Sport

ПСЖ победи во Монте Карло, сега има девет поени предност (видео)

Пари Сен-Жермен ги победи актуелните француски шампиони Монако со 2:1 на нивниот „Стад Луј втори“ за да го продолжи блескавиот старт на шапионатот и да избега девет поени пред Лион и Монако по само 14 кола.

Единсон Кавани ја продолжи својата голгетерска форма со погодок во 19. минута со елегантен гол по додавањето на Јулијан Дракслер. „Светците“ поведоа со 2:0 во 52. минута по изнудениот пенал, кој го реализираше Нејмар, според договорот со Кавани, бразилската ѕвезда да биде изведувач на пеналите оваа сезона.

Шампионите Монако успеаја да го направат финишот поинтересен, откако Мутињо од слободен удар погоди некој од гостинските играчи и го изненади Ареола. Тинејџерот Килијан Мбапе одигра цели 90 минути против својот поранешен тим, кој по ланската титула го „распродаде“ тимот и уште успева релативно да држи чекор со ПСЖ.

Scroll to Top