Пари Сен Жермен наследникот на Најмар ќе го бара во редовите на Борусија Дортмунд. „Светците“ покажале сериозен интерес за Џејдон Санчо.
Санчи има 19 години и договор со Борусија до јуни 2022 година. Во неговиот договор нема клаузула за откуп. Сепак германските медиуми тврдат дека тој по завршувањето на сезоната ќе замине од Дортмунд.
Оваа сезона на 33 натпревар постигнал 17 голви и забележал 18 асистенции.
Од претходно за него се заинтересиран Челси, Манчестер Јунајтед и Ливерпул, а според „Билд“ во трката за неговиот потпис ќе влезе и ПСЖ.
Според овој извор доколку Нејмар го напушти Париз, челниците на клубот ќе направат сѐ
за да го донесат Санчо. За неговите услуги тие на Борусија биле подготвени да ѝ платат 140 милиони евра.