ПСЖ подготвиле неверојатна понуда за капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос. „Светците“ дури биле подготвени да му понудат и бонус само за потпис на договорот.
Договорот на Рамос со Реал истекува по завршувањето на сезоната. Преговорите околу продолжувањето на соработката се заглавени во финансиските детали и време траењето на договорот.
Рамос бара најмалку две годишен договор, Реал му нудат само едно годишна соработка. Реал исто така не може да му понудат повеќе од 12.000.000 евра, колку што сега изнесува неговата годишна плата.
Според шпекулациите, ПСЖ, биле подготвени да му понудат две годишен договор и плата од 20.000.000 евра по сезона.
Серхио Рамос од 1.јануари ќе може да влезе во преговори со заинтересираните клубови.