Одличните игри на Лионел Меси оваа сезона ги поттикнаа челниците на Пари Сен Жермен да подготват понуда за нов договор.
По слабата дебитантска сезона во Париз, Меси од почетокот на оваа игра на нивото на кое беше во Барселона.
Аргентинецот на 15 натпревари постигна девет гола со десет асистенции, поради што клубот веќе размислува за продолжување на неговиот договор.
Како што пренесува „Ле Паризијен“, веројатна е опцијата 1+1, односно фиксна година со активирање на дополнителна, во случај двете страни да го посакаат тоа.
Актуелниот договор на Меси истекува во 2023 година, но во него има клаузула која вели дека постои опција за продолжување на договорот за уште една година.
Клупските челници се расположени за продолжување на соработката. Сега на потег е аргентинскиот фудбалер.
Годишната плата на Меси во Париз е 41 милион евра.