Играчот на Челси Нголо Канте во летниот преоден рок ќе биде трансфер цел на ПСЖ пишува францускиот весник „Ле 10 спорт“.
ПСЖ бара замена за Тиаго Мота кој полека се ближи кон крајот на кариерата и во Париз сметаат дека Канте би бил идеална замена.
ПСЖ не е единствениот клуб кој е заинтересиран за услугите на Канте, кој пред две сезони пристигна во Челси за сума од 37 милиони евра.
Францускиот репрезентативец е единствениот играч во историјата на Премиер лигата кој две сезони по ред со две различни екипи ја освоијувал титулата.
Пре две сезони ја освои титулата со Лестер, а минатата сезона со Челси.
Канте со Челси има договор до јуни 2021 година.