Top Sport

ПСЖ понудиле 60 милиони евра за Милинковиќ-Савиќ

Пари Сен Жермен има намера во летниот преоден рок тимот да го засили со Сергеј Милинковиќ-Савиќ (СМС). Спортскиот директор на ПСЖ Леонардо за српскиот репрезентативец понудил 60 милиони евра.

Француските медиуми внимателно го следат овој случај, тие тврдат дека првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито, нема да ја прифати понудената сума. Според нив Лотито би бил задоволен со понуда од 80 до 100 милиони евра и дека најверојатно би се согласил да продаде еден од своите најдобри играчи за 80 милиони.

СМС од почетокот на сезоната има одиграно 30 натпревари на пои постигнал пет гола и забележал седум асистенции.

Scroll to Top