Top Sport

Суспензија за светската шампионка

Светската првенка на 400 метри Салва Еид Насер привремено е суспендирана бидејќи не била достапна за анти-допинг тестовите. Наср се соочува со две годишна забрана за настап што значи дека би можела да ги пропушти Олимписките игри во Токио наредното лето.

22 годишната атлетичарка на надлежните органи не им доставила информација на кое место престојува.

Според правилникот на ВАДА спортистите имаат обврска да ја известат анти-допинг агенцијата каде за да можат да бидат тестирани без претходна најава.

За три прекршоци направени во тек на една година, доколку спортистот не понуди оправдување зошто не е на адресата која ја имаат во ВАДА, може да биде изречена две годишна суспензија.

Салва Еид Насер е родена во Нигерија меѓутоа настапува за Бахреин. Минатата година на Светското првенство во Доха освои златен медал. Таа во во Доха го истрча третото најбрзо време во историјата на 400 метри (48.14 секунди).

Scroll to Top