Top Sport

ПСЖ пред потпис со Рандал Коло Муани

Пари Сен-Жермен се договориле со Рандал Коло Муани за трансфер како замена за Нејмар, кој отиде во Саудиска Арабија, и сега остануваат преговорите со Ајнтрахт Франкфурт, кои не би требало да претставуваат проблем, тврдат француските медиуми.

ПСЖ веќе ги донеса Усман Дембеле, Гонсало Рамош и Марко Асенсио како големи засилувања во летниот преоден рок одбележан со „натегањето“ со Килијан Мбапе, а сега се подготвени да му дадат петгодишен договор на Коло Муани. Ајнтрахт бараат 100 милиони евра за напаѓачот кој имаше 14 асистенции и 23 гола во 46 настапи минатата сезона.

Scroll to Top