Top Sport

(Видео) Митома со супер-слалом за Брајтон, хаотични почетни минути на „Енфилд“

Брајтон на Роберто де Ѕерби беше едно од најпријатните изненадувања минатата сезона во Премиерлигата, а очигледно ќе продолжат да бидат тоа и во новата сезона, откако Каору Митома го постигна можеби најдобриот гол овој викенд, поминувајќи половина терен и половина тим на Вулверхемптон за 0:1 водство во 15. минута.

Од друга страна, Ливерпул имаше помалку комичен старт на мечот со Борнмут, тим кој лани го победија со 9:0, примајќи два гола во првите минути (од кои за среќа за нив, само еден се важеше). Антоан Семејо ги донесе гостите во водство по само три минути игра, а потоа Ливерпул имаа среќа што нивниот голман Алисон Бекер доби само жолт картон за „авантура“ на работ на шестнаесетникот.

Scroll to Top