Top Sport

ПСЖ, Реал и Челси тргнаа по Левандовски

Менаџерот на Роберт Левандовски, Пини Захави, изјавил дека за услугите на неговиот клиент добил понуди од три екипи: Челси, Реал Мадрид и ПСЖ.

Весникот „Ас“, пишува, дека полскиот репрезентативец и покрај својата извонредна ефикасност не успеал да му помогне на Баерн да ја освои Лигата на шампионите, поради што извезна била опцијата тој да го напушти Минхен. Баерн од трансферот на Левандовски би можел да заработи 100 милиони евра.

Истиот извор тврди дека најголем лобист за негов трансфер во Реал бил Кристијано Роналдо.

Баерн веќе се насочил кон потенциланите замени за полскиот напаѓач, а тоа биле Алваро Мората, Тимо Вернер и Единсон Кавани.

Левандовски оваа сезона постигна 41 гол на 48 одиграни натпревари, а со Баерн ја освои шампионската титула во Бундеслигата.

Scroll to Top