Top Sport

Иниеста потпиша за Висел Кобе

Андрес Иниеста ја имаше официјалната промоција како фудбалер на Висел Кобе. Поранешниот играч на Барселона со јапонскиот тим потпишал „повеќегодишен договор“.

Минатиот викенд, Иниеста на емотивен начин ја заврши својата кариера во Барселона, а иако Јапонците пред три недели негираа, тој сепак потпиша договор со Висел Кобе. Клубот не соопшти на колку сезони потпишал Иниеста, туку само објави дека фудбалерот во клубот ќе биде „неколку години“.

Висел Кобе, во моментов се наоѓа на шестото место во Џеј лигата, со 15 бода помалку од лидерот на табелата Хирошима.

Соиграч во новиот тим на Иниеста ќе му биде поранешниот германски репрезентативец Лукас Подолски.

„Играчите и навивачите ќе имаат можност да ја видат светската класа на Иниеста, а веруваме дека неговото доаѓање во Јапонија ќе има големо влијание не само за Висел Кобе и за Јапонија, туку и за фудбалот во цела Азија. Целта на Висел Кобе е да стане број 1 во Азија“, рекол сопственикот на клубот, Хироши Микитани.

Scroll to Top