Top Sport

ПСЖ ремизираше, ама ја освои титулата

Пари Сен Жермен одигра 1:1 на домашен терен против Ленс, кој играше и со фудбалер помалку, но и покрај тоа успеа да ја освои шампионската титула. На пет кола пред крајот „светците“ имаат недостижни 16 бода предност и веќе го освоија шампионскиот трофеј.

Лионел Меси во 68.минута постигна водечки погодок за ПСЖ, но Корентин Жан во 88.минута го израмни резултатот. Ленс од 57.минута играше со десетмина откако беше исклучен Кевин Дансо.

Scroll to Top