Top Sport

ПСЖ сака да го доведе Милан Шкриниар во Париз

Пари Сен Жермен е заинтересиран за дефанзивецот на Интер, Милан Шкриниар, откриваат француските медиуми. Сепак, францускиот клуб ќе мора да се бори со Челси и со Тотенхем за неговиот потпис, а и „нероаѕурите“ нема по секоја цена да се разделат со него.

Францускиот шампион сака да ја засили одбраната. ПСЖ се уште нема направено конкретен потег и за тренерската позиција, а веќе размислува за потенцијалните засилувања.

Договор на Милан Шкриниар со Интер истекува следното лето.

Scroll to Top