Top Sport

ПСЖ се договори со Угарте и Асенсио

ПСЖ обезбеди двајца нови играчи за следната сезона. Мануел Угарте пристигна од Спортинг во трансфер вреден 60 милиони евра и денеска ќе го потпише договорот, пишува Фабрицио Романо. Исто така, ПСЖ го комплетираше трансферот на Марко Асенсио, до неодамна играч на Реал. Асенсио без оштета ќе се пресели во Париз.

Угарте, 22-годишниот уругвајски централен играч за врска, не е баш познато име, но наскоро би можел да стане таков.

За уругвајската репрезентација има осум настапи, а минатата сезона за Спортинг одигра 47 натпревари. Не постигна гол, забележа само една асистенција. За него се се интересираа Ливерпул и Челзи, но ПСЖ успеа да ги претрка ривалите.

Асенсио со години е на најголемата сцена, со Реал ги освои сите значајни клупски трофеи. Крилниот напаѓач по девет години реши да замина, бидејќи беше незадоволен од својот статус во тимот.

Scroll to Top