Пари Сен-Жермен стануваат први ривали на Баерн Минхен за потписот на Хери Кејн, и покрај конкретните понуди од германскиот клуб, тврди „Индепендент“.
Баерн веќе понесоа две понуди за Кејн и се надеваат дека ќе го добијат потписот на 29-годишниот англиски напаѓач за сума поод 100 милиони евра, но сега и ПСЖ се вклучуваат во трката со перцепција дека можат да донесат силно засилување на „Паркот на принцовите“ и така да го убедат и Килијан Мбапе да го продолжи договорот. Секако, финансиската сила на ПСЖ е далеку поголема од таа на Баерн.
Тотенхем пак, се надеваат дека ќе го убедат Кејн да остане, една година откако го блокираа неговиот трансфер во Манчестер сити, но ако сакаат да заработат нешто мораат да го постават на пазарот ова лето бидејќи неговиот договор завршува во 2024 година.
Paris Saint-Germain intent on hijacking Bayern Munich move for Harry Kane – as summer's striker carousel keeps going aroundhttps://t.co/rxDg9mccuP
— Miguel Delaney (@MiguelDelaney) July 14, 2023