Откако градоначалничката на Париз, Ан Хидалго ги отфрли сите понуди на Пари Сен-Жермен да го откупат стадионот на кој играат, „Паркот на принцовите“, богатиот француски клуб во катарска сопственост ќе се фокусира да го купи националниот стадион „Стад де Франс“, јавува „Л’ЕКип“.
Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи, се обиде да се договори со градоначалничката за реновирање на „Паркот на принцовите“ во обид да се добие организација на финалето на Лигата на шампионите, но призна дека веќе немаат нерви.
„Има притисок да си заминеме од стадионот. Досега инвестиравме повеќе од 80 милиони евра во стадион кој не го поседуваме, но добиваме вакво одбивање“, изјави Ал-Хелаифи.