Top Sport

ПСЖ со 38 милиони евра годишно ќе го убедуваат Нејмар да остане

Богатите газди на Пари Сен-Жермен се подготвени да му понудат на Нејмар неверојатна плата од 730.000 евра неделно во обид да го убедат да остане на „Паркот на принцовите“, јавува британскиот „Сан“.

Бразилецот минатото лето се обиде да издејствува трансфер назад во Барселона, но во ПСЖ се сигурни дека можат да му дадат понуда за да го заддржат во Париз, бидејќи се надеваат дека тој се „смири“ по турбулентната 2019. Договорот на Нејмар трае до јуни 2022 година, а ПСЖ со новата понуда ќе се обидат да го заддржат барем до 2025 година.

Со годишната плата од 38 милиони евра, Нејмар сепак би останал само трет најплатен фудбалер на светот, по Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Scroll to Top