Top Sport

ПСЖ со анти-Мадрид клаузула во новиот договор за Мбапе

Килијан Мбапе има договор со Пари Сен-Жермен до летото 2022 година, но тоа не ги сопира шпекулациите дека младиот француски феномен ќе заврши во Реал Мадрид, каде што негов голем љубител е првиот тренер Зинедин Зидан, кој повеќе пати го фалеше сонародникот.

Според весникот „Ле паризиен“, Пари Сен-Жермен се подготвени да му понудат спектакуларен нов договор на 20-годишниот напаѓач која ќе биде тешко да се одбие – петгодишен договор вреден 185 милиони евра со дополнителни бонуси за индивидуални и клупски достигнувања.

Сепак, во новиот договор има и мала „квака 22“ – анти-Мадрид клаузула, што значи дека во следните пет години тој нема да замине во „кралскиот клуб“. Ова од друга страна, може да биде и пречка за постигнувањето на договор, откако и минатата сезона Мбапе изјавуваше дека би сакал да има „нов предизвик“ во тим каде што би бил лидер.

Scroll to Top