Пари Сен-Жермен ќе мора да затвори дел од својот стадион за следниот домашен европски меч поради проблемите со навивачите при поразот (и елиминацијата) од Реал Мадрид во Лигата на шампионите.
УЕФА потврди дека дисциплинската комисија наредува затворање на северната трибина и казна од 43.000 евра откако фановите користеа пиротехника за време на мечот на 6 март. ПСЖ исто така се обвинети за блокирани скали и отсуство на претрес на фановите, иако за второто обвинение не беа најдени докази.
Германскиот судија Феликс Брих двапати го сопре мечот поради голема количина на чад на теренот од факлите. Ултрасите на ПСЖ исто така запалија факли и пред хотелот каде што претстојуваа играчите на Реал Мадрид ноќта пред натпреварот, по што шпанскиот клуб се жалеше од УЕФА, која не пресуди за ова обвинение.
Покрај ПСЖ, Олимпик Марсеј нема да можат да носат гостински навивачи на следниот европски меч (четврт-финалето од ЛЕ против Лајпциг на 5 април), по проблемите со публиката на гостинскиот меч кај Атлетико Мадрид. Марсеј добија и казна од 30.000 евра.
Пари Сен-Жермен загубија, но нивните ултраси се вистински шампиони (видео+галерија)