Убав гест на новокрунисаниот француски шампион, Пари Сен-Жермен, откако тие објавија огласи во неколку весници и магазини за да им честитаат на противниците Ле Ербиер за пласманот во Купот на Франција.
Двата тима денеска ќе се судрат на „Паркот на принцовите“ во меч кој изгледа како формалност, откако ПСЖ се соочува со полу-професионалниот тим на Ле Ербиер, кои се 13. во Шампионат насионал (третата француска лига), на само два поени од зоната за испаѓање.
Сепак, без циницизам, ПСЖ објави оглас во кој им честитаат на противниците за пласманот во големото финале.
„Закотвен во сеќавањата на многу регионални тимови, Купот понудил епски приказни како Кале во 2000, Каркефу во 2008 или Кевили во 2010 и 2012 година. Овие клубови ги покажаа вистинските спортски вредности: тимскиот дух, желбата за победа, и саможртвувањето. Денеска, дојде време за Венде Ле Ербиер да се искачи до финалето. Без разлика на резултатот, ние сме горди што имаме ваков противник во најстарото француско натпреварување. Статусот на професионален или аматерски клуб не е важен, ниту претходнтие трофеи. Вистината ќе се покаже на теренот, единаесет против единаесет. Браво Ле Ербиер и долго да живее фудбалот“, се вели во огласот на ПСЖ.
Le PSG achète une pub dans « Le Parisien » avant la finale de la Coupe de France pour féliciter Les Herbiers. « La seule vérité sera celle du terrain. Onze contre onze. » pic.twitter.com/vi7wR5o5u4
— Cyril Petit (@CyrilPetit) May 8, 2018