Top Sport

ПСЖ со пет-од-пет во Франција (видео)

Актуелниот француски шампион Пари Сен-Жермен рутински стигна до 4:0 победа над стариот ривал Сент-Етјен за да се зацврсти на врвот на табелата со малку шанси ривалите да ги предизвикаат и оваа сезона.

И без суспендираниот Килијан Мбапе, „светците“ едноставно беа пресилни за „зелените“. Јулијан Дракслер го отвори резултатот во 22. минута откако доби одлична топка од Марко Верати и со успешно жонглирање го совлада Стефан Руфие.

Водството на ПСЖ беше удвоено во 48. минута, кога Единсон Кавани беше сигурен од белата точка, а Анхел ди Марија во 76. минута зголеми на 3:0 откако доби „отпадок“ во шестнаесетникот. Доминацијата ја потврди Муса Диаби со гол во 84. минута.

Фото: ЕПА

Scroll to Top