Top Sport

Дортмунд преку Ајнтрахт до втора победа оваа сезона (видео)

Борусија Дортмунд ја забележа втората победа во третото коло на Бундеслигата, откако со 3:1 го совлада тимот на Ајнтрахт Франкфурт со два гола во последните 20 минути од мечот.

Тимот на Лусиен Фавр дојде во водство во 36. минута преку Абду Диало, кој најдобро се снајде во шестнаесетникот по корнер, меѓутоа, „орлите“ израмнија во 68. минута од натпреварот на „Сигнал Идуна парк“ преку Себастиен Халер, кој ја искористи лошата реакција на одбраната на „милионерите“.

Домашните фанови на крајот, сепак, се радуваа откако прво Мариус Волф во 72. минута, кога Санчо одлично го пронајде во шестнаесетникот за убав гол, а потоа Пако Алкасер во 88. минута со прекрасен гол стави печат на победата.

Scroll to Top