Top Sport

ПСЖ со „покер“ на гостувањето во Дижон (видео)

Откако беа елиминирани од Лигата на шампионите, на Пари Сен-Жермен им останува само домашното првенство, и очигледно таму сакаат само доминантно да ја потврдат титулата.

Во заостанатиот меч од 18. коло од Лига 1, „светците“ на гостувањето во Дижон стигнаа до фантастична 4:0 победа. Маркињос во седмата минута донесе водство за гостите, а Килијан Мбапе пред крајот на полувремето зголеми на 0:2.

Анхел ди Марија постигна одличен гол од слободен удар во 50-тата минута, пред Максим Чупо-Мотинг во судиското продолжение да ги постави конечните 4:0.

ПСЖ има 74 поени на врвот на табелата, додека второпласираниот Лил има 57 поени и тоа со натпревар повеќе.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');