Top Sport

ПСЖ со шест „парчиња“ за Дижон за полуфинале во Францускиот куп (видео)

Пари Сен-Жермен целосно доминираше на гостувањето кај Дижон за да стигне до 6:1 победа во четврт-финалето на Купот на Франција.

Францускиот шампион дојде во водство уште во првата минута од мечот кога Лаутоа си постигна автогол, но Дижон успеа да израмни во 13. минута и да го држи овој резултат до 44. минута, кога Килијан Мбапе повторно го донесе фаворитот во водство.

Во пет минути во второто полувреме, ПСЖ целосно го обезбеди триумфот – Пабло Сарабија прво му асистираше на Тијаго Силва во 50. минута, за во 55. минута да зголеми на 4:1. Во финишот на мечот, ПСЖ постигна уште два гола – во 86. минута Дижон си постигна автогол, а во 91. минута Сарабија го комплетираше одличниот меч со уште еден гол.

Scroll to Top