Top Sport

ПСЖ тренира строгост – две недели без плата за Лео Меси!

Пари Сен-Жермен решиле да го суспендираат Лионел Меси две недели без плата по неговата посета на Саудиска Арабија, која не била дозволена од клубот, јавуваат повеќе француски медиуми.

Меси го пропушти понеделничкиот тренинг на тимот на Кристоф Галтие, откако веднаш по 1:3 домашниот пораз од Лориен, одлетал за Саудиска Арабија во функција на туристички амбасадор на богатата земја. Според француските медиуми, спортскиот директор Луис Кампос му кажал дека може да добие слободни денови само ако не загубат од Лориен, но Аргентинецот без дополнителни консултации решил да отсуствува.

Француските медиуми шпекулираат дека ова значи дека Меси најверојатно веќе го одиграл последниот меч за Пари Сен-Жермен, бидејќи неговиот договор завршува на крајот на сезоната, а преговорите за нов договор не одат во најдобар правец.

Scroll to Top