Пари Сен-Жермен се подготвени да се договорат со Челси за позајмица на Хаким Зијеш пред утрешниот крај на зимскиот преоден рок, јавува „Л’Екип“, но тоа не значи дека тие се откажуваат и од обидот да го добијат Милан Шкринијар од Интер.
Мароканецот Зијеш постојано е поврзуван со заминување од „Стемфорд Бриџ“, иако во последно време поради повредите на другите играчи добива шанса од Греем Потер. Њукасл и Евертон во Премиерлигата, како и Милан и Јувентус во Италија беа заинтересирани за поранешниот играч на Ајакс, но сега ПСЖ е фаворит.
Бидејќи ќе се работи за шестмесечна позајмица без можност за откуп на договорот, ПСЖ имаат доволно голем буџет во исто време да го купат Шкринијар, откако Интер биле подготвени да добијат и 15 милиони евра, бидејќи Словакот станува слободен играч по крајот на сезоната.