Top Sport

Вест хем закажаа дуел со Манчестер јунајтед во ФА купот

Вест хем се пласираа во петтото коло на англискиот ФА куп, откако со 2:0 на гости го совладаа третолигашот Дерби каунти, за да закажат гостување на „Олд Трафорд“ во следното коло.

„Чеканите“ на Дејвид Мојс беа под притисок по слабата форма оваа сезона, но немаа проблем со тимот на Дерби, и иако не блескаа на теренот рутински стигнаа до победата. Џеред Боуен ги донесе во водство уште во 10. минута, за по 50. минути игра и Мајкл Антонио да се запише во листата на стрелците.

Scroll to Top