Раководството на Пари Сен Жермен му поставило ултиматум на тренерот Унаи Емери дека ќе добие отказ доколку со тимот не обезбеди најмалку полу-финале во Лигата на шампионите.
„Ле Парисијен“ објави дека челниците на клубот како замена за Емери го сакаат менаџерот на Челси, Антонио Конте.
Договорот на Емери истекува по завршувањето на сезоната, а наводно челниците на ПСЖ веќе стапиле во контакт со Конте, со намера да профитираат од несогласувањата кои италијанскиот тренер ги има со раководството на Челси околу трансфер политика.
Доколку постигнат договор со Конте, тогаш тој ќе биде вториот Италијанец, по Карло Анчелоти, кој ќе седне на клупата на ПСЖ.
Емери на „Паркот на Принцовите“ пристигна во јуни 2016 година, успеа да ги освои Купот и Лига купот на Франција, но не и шампионската титула. Пред ПСЖ тој беше тренер на Севилја, Спартак Москва, Валенсија, Алмерија и Депортиво Лорк.