Top Sport

ПСЖ влегуваат во трката за Ериксен откако Интер понуди само 10 милиони евра

Пари Сен-Жермен се подготвени да го „украдат“ Кристијан Ериксен откако неговиот „готов“ трансфер од Тотенхем во Интер најверојатно ќе пропадне поради ниската сума од 10 милиони евра која ја понудија од Италија.

Договорот на Данецот завршува на лето, и ова е последна шанса клубот од северен Лондон да искешира за неговиот трансфер, но Даниел Леви, првиот човек на Тотенхем како и секогаш е „црвст“ во преговорите и бара 20 милиони евра.

Според „Дејли мирор“, само Пари-Сен Жермен се подготвени да ја исплатат оваа сума за 27-годишниот фудбалер од средниот ред.

Тренерот Жозе Мурињо призна дека Ериксен си зазминува од клубот, но дека треба да го направи тоа со „високо крената глава“.

„Тој е професионалец и игра за нас додека е наш фудбалер. Ако неговата одлука е да замине, треба да го направи тоа со високо крената глава, бидејќи секогаш дава максимум за тимот“, изјави Мурињо по мечот од ФА купот во вторникот.

Scroll to Top