Top Sport

Босанска мака – диви свињи го уништиле  теренот на Босна Мионица

Додека повеќето фудбалски клубови се интензивни на пазарот на играчи во јануарскиот преоден рок, босанскохерцеговскиот третолигаш Босна Мионица се соочува со поинаков проблем – мора да најде средства за да го среди својот фудбалски терен, кој е уништен од диви свињи.

Преку нивната Фејсбук страница, клубот објави дека бара решение за проблемот со кој се соочуваат.

„Некои сигурно ќе се исмејуваат со ова, но треба да се загрижиме, бидејќи на само 30 метри од стадионот има куќи. Жално е што ни се случи ова и бараме решение како да го заштитиме теренот, бидејќи тука постојано играат и тренираат деца“, се вели во соопштението на клубот.

Тие исто најавија дека викендов ќе има работна акција и ги повикаа сите загрижени да понесат опрема за да помогнат.

Scroll to Top