Top Sport

ПСЖ во криза пред мечот со Јунајтед – Тухел може да има само 11 фудбалери!

Томас Тухел се жали дека има криза со повреди пред првиот меч од новата сезона во Лигата на шампионите против Манчестер јунајтед следната недела, тврдејќи дека може да има само 11 достапни фудбалери за мечот.

ПСЖ се во група со Јунајтед, РБ Лајпциг и Башакшехир, откако во минатогодишното финале на ЛШ загубија со 1:0 од Баерн Минхен. Тие ги пречекуваат Јунајтед на „Паркот на принцовите“ во вторник, кога ќе се обидат да се одмаздат за елиминацијата во осминафиналето во 2018/19 од „ѓаволите“.

Тухел ќе го добие Нејмар и Килијан Мбапе „уморни“ од интернационалната пауза, додека со повреди се мачат Маркињос, Јулијан Дракслер, Колин Дагба, Тило Керер, Хуан Бернат и Мауро Икарди.

„Мораме да мислиме на Нејмар и на Килијан кои вчера одиграа речиси 90 минути и другите Јужноамериканци кои патуваа долго. Можеби ќе имам 11, 12 или 13 достапни фудбалери. Тоа е несреќа. Дракслер и Маркињос се неизвесни. Дагба имаше позитивен тест на КОВИД-19, Керер е повреден, исто како Бернат и Икарди“, се жали Тухел.

Покрај тоа, Данило Переира мора во изолација поради контактот со Кристијано Роналдо за време на мечот на Португалија, но и Марко Верати, кој доби мала повреда со италијанската репрезентација.

Scroll to Top