Француски ПСЖ го победија тимот на Стразбур со 4-2 во второто коло од Лига 1, на свој терен.
Мечот на „Паркот на принцовите“ помина во сенка на претставувањето на новите засилување на клубот, пред се тука се мисли на Лео Меси кој доби овации од гледалиштето.
Првото полувреме на овој меч делуваше дека избраниците на Маурисио Покетино имаат комплетна контрола на играта и на резултатот.
По првите 45 минути на семафорот стоеше 3:0.
Икарди го отвори резултатот во 3 минута. Мбапе со својот погодок во 25 минута зголеми на 2-0, а веќе во 27-та ПСЖ имаше комотни 3-0. Стрелец Дракслер.
Гостите од Стразбур не се предадоа, беа силно мотивирани и во вториот дел намалија на 3-2.
Најпрво Кевин Гамеиро во 53 минута постигна еден гол за гостите, а во 64 минута Лудовик Ажорк.
Сепак Стразбур немаше сила за комплетен пресврт, пред се поради тоа што од 81 минута беа без услугите на исклучениот Александер Џику.
Тогаш „светците“ добија „ветер во грб“, па преку Сарабија во 86 минута ги поставија конечните 4-2.
Со оваа победа ПСЖ е на врвот на табелата во Лига 1.