Top Sport

ПСЖ замената за Нејмар ја „најдоа“ во Федерико Киеза

Пари Сен-Жермен се подготвени да ги платат посакуваните 50 милиони евра на Јувентус за да ја добијат италијанската ѕвезда Федерико Киеза, како потенцијална замена за Нејмар, кој е пред договор со саудискиот Ал-Хилал.

Без европски фудбал оваа сезона, Јувентус се подготвени за зделка, и се верува дека ниту еден играч не е „безбеден“, тврди „Ла газета дело спорт“, и очекуваат барем 50 милиони евра за Киеза.

25-годишниот Италијанец има уште две години од договорот со „бјанконерите“, но тој честопати беше незадоволен од неговата позиција во тактичкиот систем на Масимилијано Алегри, и се верува дека и тој е подготвен за трансфер.

Во исто време, Јуве, пак, се заинтересирани за ѕвездата на Сасуоло, Доменико Берарди, но не се подготвени да ги платат 30-те милиони фунти кои ги бара италијанскиот ривал. Тие се надеваат дека можат да склучат сличен договор како за трансферот на Мануел Локатели – двегодишна позајмица со обврска за купување.

Scroll to Top