Лестер го ангажираа францускиот стручњак Клод Пуел како менаџер откако го отпуштија Крег Шекспир минатата недела.
Пуел беше отпуштен од Саутемптон на крајот на минатата по критиките за дефанзивниот стил на игра, но ги предводеше „светците“ до финале во Лига купот (кое го загубија со 3:2 од Манчестер) и до осмото место во Премиер лигата.
Мајкл Еплтон, кој беше привремен тренер по отпуштањето на Шекспир, ја задржува улогата на помошник-тренер.
„Вистинска привилегија е да се стане нов менаџер на Лестер сити, клуб чии вредности и амбиции се блиски до моите. Сакам да го градиме тимот по исклучителните успеси во минатото. Едвај чекам да почнам да работам со сопствениците, играчите и фановите за заедно да направиме постојан успех“, вели Пуел.
Лестер се на 14. место во Премиер лигата, со само еден поен повеќе од зоната за испаѓање.
#lcfc are delighted to announce the appointment of Claude Puel as the Club’s new First Team Manager: https://t.co/OQeKNdlHWF#WelcomeClaude pic.twitter.com/RRgEdELdhy
— Leicester City (@LCFC) October 25, 2017