Top Sport

Пујол: Честитки Реал, четири титули во пет сезони

Доманицијата на шпанските екипи во Лигата на шампионите трае веќе пет години, период во кој Барселона освои една, а Реал четири титули.

Реал Мадирд, синоќа во Киев, ја освои третата титула во низа, 13.во клупската историја. Ваква доминација во најелитното клупско фудбалско натпреварување светот памети само во 70.години од минатиот век, кога тогашниот Куп на европските шампионите, три пати по ред го освојувале Ајакс и Баерн Минхен.

Честитки по повод освојувањето на титулата до Реал упати поранешниот фудбалер на Барселона, Карлес Пујол. Капитенот на една од најдобрите генерации на Барселона, не пропушти и да го критикува својот клуб.

„Честитки за Реал. Четири титули во пет сезони, покрај еден од најдобрите тимови на Барса во историјата. Треба да се запрашаме малку за нашите приоритети“, напишал Пујол на Твитер.

Фудбалскиот клуб Барселона, исто така, на најголемиот ривал му честиташе на освојувањето на титулата. Барселона настапите во Лигата на шампионите ги заврши со четврт-финалниот дво-меч против Рома.

Scroll to Top