Top Sport

Пулишиќ дојде на „Сан Сиро“

Италијанскиот калчолигаш Милан официјално го објави трансферот на Кристијан Пулишиќ. Американецот по четири години го напушти „Стемфорд Бриџ“ и за 20 милиони евра се пресели во Милано.

Пулишиќ го зеде бројот „11“ што досега го носеше Златан Ибрахимовиќ.

24-годишниот фудбалер пристигна на „Стемфорд бриџ“ во летото 2019 година од Борусија Дортмунд.

За време на неговиот престој во Челси, Пулишиќ одигра 145 натпревари и постигна 26 гола.

Тој ја освои Лигата на шампионите со Челзи во сезоната 2020/21, Суперкупот на УЕФА во 2021 година и Светското клупско првенство во 2021 година.

Scroll to Top