Top Sport

Пулишиќ го „боли“ што не добива шанса во Челси, но нема да се откаже

Кристијан Пулишиќ дојде во Челси за огромни 58 милиони фунти од Борусија Дортмунд, но се најде на „маргините“ на тимот од Лондон, откако Френк Лампард не му дава многу шанси на американскиот репрезентативец.

Десетте минути кои ги доби во неделата при 4:1 победата кај Саутемптон беа негов прв меч во Премиер лигата од крајот на август, а 21-годишниот Американец има голема конкуренција во Вилијан, Калам Хадсон-Одои и Педро за место во стартните 11.

„Бројката не значи ништо за мене. Кога ќе добијам шанса да играм ќе ја искористам. Не сум сигурен што значи сумата за трансферот за вас, но мене не ми менува ништо. Секако, не живеам под камен и знам дека има луѓе кои се разочарани што не играм, но јас само ќе продолжам да работам и да не се грижам за тоа. Лампард ги сака фудбалерите кои работат напорно и тоа е единствениот пат кој можам да го имам до стартните 11“, вели Пулишиќ.

Scroll to Top