Top Sport

ВАР системот пристигнува и во Србија

Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) донесе одлука за воведување на ВАР-технологијата во српската Суперлига, во обид да се намалат грешките на судиите и контроверзите кои тие ги предизвикуват.

„Комисијата на чело со Милан Караџиќ во најблизок можен рок ќе ги посетат УЕФА и ФИФА за да добијат насоки за спроведување на видео-технологијата која ќе им помогне на судиите за водење на натпреварите од највисоката лига“, се вели во соопштението на ФСС.

Во неделата имаше две контроверзни одлуки на судиите, на мечевите Напредак-Црвена звезда и Партизан-Вождовац.

Scroll to Top