Top Sport

Пулишиќ го пропушта дербито со Арсенал – има корона, а се вакцинираше двапати

Својата втора победа во Премиерлигата тимот на Челси ќе мора да ја брка без американскиот крилен напаѓач Кристијан Пулишиќ. Тренерот Томас Тухел потвди дека на него не може да смета за лондонското дерби против Арсенал што на програмата е утре од 17.30 часот.

„Неговиот тест на корона е позитивен и мора да оди во изолација. Не тренира со нас и нема да игра против Арсенал“ изјави германскиот стручњак.

Наскоро на Инстаграм се јави и самиот фудбалер.

„За жал, позитивен сум на тестот и нема да играм во недела. За среќа, двапати се вакцинирав и засега немам никакви симптоми. Одвај чекам да се вратам во акција. Ви благодарам за поддршката“ напаши Пулишиќ.
Инау, Челси во првото коло во ПЛ сезонава славеше со 3-0 против Кристал Палас, а Арсенал загуби со 2-0 кај Брентфорд.

Scroll to Top