Top Sport

Пулишиќ ја повредил тетивата

Фудбалерот на Челси ја повредил тетивата во текот на натпреварот со ВБА. Во поразот на својот тим 2:5, Пулишиќ го постигна првиот гол за Челси, а во полувремето остана во соблекувалната. Голот против ВБА беше прв за него по 5.декември, кога беше стрелец против Лидс јунјатед.

„Самиот кажа во полувремето дека поради тетивата нема да издржи доколку пстане на теренот. Поради тоа мораше да биде заменет“, рекол менаџерот Томас Тухел.

Ова е втор пат во последните неколку месеци 22-годишниот да има проблем со тетивата. Претходниот пат кога ја имаше оваа повреда Пулишиќ отсуствуваше три месеци.

Scroll to Top