Top Sport

Пулишиќ се „здроби“, но донесе водство за Американците!

Ѕвездата на Челси и на американската репрезентација, Кристијан Пулишиќ повторно беше најдобар кога беше најпотребно, носејќи им на САД предност од 1:0 против Иран, за по првото полувреме тие да се на позиција која ги носи во осминафинале на СП и дуел со Холандија.

Во 38. минута од мечот, Пулишиќ беше на вистинското место, и иако доби удар на незгодно место од страна на иранскиот голман Алиреза Беираванд, ја смести топката во мрежата за клучно водство. На Американците им треба победа за пласман, додека Иранците се во осминафинале ако израмнат.

На другиот меч, островската битка меѓу Велс и Англија, нема голови по првите 45 минути.

Scroll to Top