Животот не може да биде подобар за Ерлинг Халанд. По реализирањето на договорот од соништата за трансфер во Манчестер сити, Норвежанецот се наоѓа пред интересен избор – Пума и Адидас се поготвени да влезат во наддавање за тоа кој ќе му стане спонзор, со суми од неверојатни 50 милиони евра.
Халанд има договор од 1 милион фунти годишно со „Најк“, но тој заврши во јануари и тој реши да остане „слободен агент“ пред реализирањето на трансферот во Манчестер сити и сега според „Сан“, двете германски компании се подготвени да му дадат долгогодишен договор, со суми од над 5 милиони евра по сезона.
Халанд покрај тоа ќе заработуваа 375.000 фунти неделно на „Етихад“.