Top Sport

„Пушев само кога пиев, а пиев секој ден“

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид Сисињо рекол дека додека бил во Мадрид живеел неспортски и дека тоа е главната причина што не оставил подлабока трага во „кралскиот клуб“.

Бразилскиот десен бек на „Сантијаго Бернабеу“ пристигнал во 2006 година. Стручњаците му предвидувале голема кариера, но по само 18 месеци, откако не ги оправдал очекувањата, заминал од клубот.

Од оваа перспектива знае каде грешел во тој период.

„Почнав да пијам кога имав 13 или 14 години, додека бев во Ботафого. Ми кажаа дека пивото е добро и јас го пиев. Тогаш почнав и не престанав до мојата триесет и некоја година. Речиси 20 години пиев алкохол. Пиев по десет пива на ден“, рекол Сисињо.

„На почетокот пиев само пиво бидејќи немав пари за нешто друг, но кога потпишав за Атлетико Минеиро почнав да пијам сѐ. Почнав и да пушам. Пушев од 1999 до 2010 година. Пушев само кога пиев, но проблемот беше што пиев секој ден“.

Поранешниот репрезентативец на Бразил кариерата ја започнал во Ботафого, а потоа играл за Атлетико Минеиро, Сао Паоло, Спорт Ресифе, Сивас, Рома, Брасилиенсе каде пред две години се пензионирал.

Scroll to Top