Адриен Рабио вели дека добриот однос со тренерот Масимилијано Алегри бил клучен за неговата изненадувачка одлука да остане во Јувентус и без европски фудбал.
За 28-годишниот Французин беа заинтересирани Манчестер јунајтед по крајот на неговиот договор со Јувентус, но тој реши да потпише нов едногодишен договор со италијанскиот клуб.
„Тренерот сакаше да останам и зборуваше со мене многу оваа година. Дури и кога бев на одмор ми праќаше СМС пораки. По четири години тука, сега сум меѓу постарите во клубот и сакам да им поставам пример на помладите фубалери. Тренерот ја сфаќа мојата позиција на теренот и ми дава слобода да играм и тоа ми беше многу важно. Последните две сезони без титула беа тешки, бидејќи дојдов тука да победувам. Но, Јувентус е голем клуб кој секогаш победувал и тие времиња ќе се вратат. Останав да победуваме заедно“, вели Рабио.