Top Sport

(Видео) Гал со победа на „кралската“ етапа, Вингегард го „скрши“ Погачар

Австриецот Феликс Гал е победник на „кралската“ 17. етапа на Тур де Франс со 69 километри алпско искачување пред Сајмон Јејтс, додека Јонас Вингегард дојде на чекор до одбрана на титулата, откако неговиот главен ривал, Тадеј Погачар загуби речиси шест минути на најтешката етапа на трката.

Вингегард сега има фантастични 7:35 предност пред Погачар, додека Јејтс е трет со 10:45 заостанување на само четири етапи до крајот на трката. Словенецот Погачар вети дека ќе се бори до крај по вчерашниот пораз на тркат на хронометар, но не му се оствари желбата на дожд, откако трката од Сен-Жерва Монблан до Куршевел се одвиваше под силно сонце.

На седум километри пред последното искачување до Кол де ла Лоз, Погачар преку радио на својот тим му порача: „Мртов сум! Не можам понатаму“, предавајќи ја победата.

Scroll to Top