Top Sport

Рабио добро ќе го наплати трпението

Истиот извор, пишува дека Наинголан најверојатно ќе биде продаден во Кина, во Гвангжу Евергранде.

Адријен Рабио, по завршувањето на сезоната, ќе го напушти Пари Сен Жермен. 23-годишниот фудбалер на почетокот на месецот и дефинитивно ги прекинал преговорите со клубот, поради што на тренерот Томас Тухел му било сугерирано да не ги користи повеќе услугите на овој фудбалер.

Рабиот има договор со Барселона, таму ќе ја продолжи својата кариера, а иако нема да добие повеќе шанса во Пари Сен Жермен, тој до крајот на сезоната ќе остане на „Паркот на Принцовите“.

Весникот „Телефут“, пишува дека доколку тој издржи до јуни и во Барселона се пресели како слободен играч, Каталонците неговото трпение би го наградиле со 10 милиони евра.

Scroll to Top