Адриен Рабио конечно најде нов клуб. Францускиот репрезентативец стана слободен играч пред два месеци кога го напушти Јувентус.
Францускиот репрезентативец се врати во татковината, оваа сезона ќе игра за Олимпик од Марсеј. Според медиумите договорот е постигнат и се очекува да биде официјализиран во следните 48 часа. Од оваа сезона тренер на Марсеј е Роберто Де Зерби.
За Рабио интерес покажаа клубови од Турција и Саудиска Арабија, но тој по секоја цена сакаше да остане да игра во една од петте најсилни национални првенства.