Фудбалерот на Јувентус и француски репрезентативец, Адриен Рабио открива дека „навистина го иритира“ начинот на кој неговиот соиграч од репрезентацијата, Килијан Мбапе го менува својот глас кога дава интервјуа.
Рабио и Мбапе беа едни од најзаслужните што Франција успеа да стигне до финалето на СП во Катар, каде што во финалето загубија од Аргентина на пенали по 3:3 ремито по 120 минути, а Мбапе имаше хет-трик.
„Килијан Мбапе навистина ме иритира кога го менува својот глас кога дава интервју. Кога зборува со сите нас, гласот му е нормален, а потоа кога зборува со медиумите, целосно го менува гласот. Навистина не знам зошто го прави тоа, но навистина мнгу ме иритира. Знам дека сите му го велат тоа“, вели Рабио.
💬 Adrien Rabiot :
« Kylian Mbappé m’énerve quand il change de voix pendant les interviews. Quand on est ensemble, il parle normalement. Et quand on le revoit en interview, je ne sais pas pourquoi, sa voix change. C’est stressant. »
🎙️ @lemediacarre pic.twitter.com/UBXmHfK3nK
— Vibes Foot (@VibesFoot) December 27, 2022