Јувентус им се врати на победите во Серија А и ја совлада Сампдорија на домашен терен со 4:2. Почетокот на мечот навестуваше дека „старата дама“ лесно ќе дојде до бодовите, но, сепак, избраниците на Алегри мораа навистина да се помачат.
Бремер и Рабио донесоа брзо водство од 2:0 за Јуве, но потоа одговори Сампдорија со два гола што ги постигнаа Аугело и Ѓуричиќ за само две минути.
Адриен Рабио во 64.минута повторно донесе предност за Јувентус, а пет минути подоцна Душан Влаховиќ не искористи пенал. Во завршницата Матијас Суле погоди за конечни 4:2.