И покрај тоа што втор преоден рок во низа беше поврзуван со трансфер во Манчестер јунајтед, Адриен Рабио останува во Торино, откако Јувентус потврдија дека францускиот репрезентативец го продолжил договорот до 2024 година.
„Јувентус и Адриен Рабио повторно заедно! Адриен го продолжи договорот до 30 јуни 2024 година и е подготвен да ја продолжи приказнатаа со Јувентус“, велат од Јувентус.
Според „Кориере дело спорт“, Рабио имал понуда од Премеиерлигата, но заедно со својата мајка и агент, Вероник Рабио одлучиле да останат во Италија. Тој ќе заработи околу 7 милиони евра за следната сезона.
Рабио беше еден од клучните играчи на Масимилијано Алегри минатата сезона, со 11 гола и 6 асистенции во 48 настапи за Јувентус.
UFFICIALE | Ancora insieme Adrien 🐴⚪️⚫️
— JuventusFC (@juventusfc) June 27, 2023